Девет осомничени борци на Исламската Држава, се убиени во воздушни напади северно од Багдад како одмазда за извршениот напад од страна на екстремистичката организација врз касарна на ирачката армија, соопштија официјални лица.

На 21 јануари вооружени припадници на Исламската држава во Ирак упаднаа во касарна во планинскиот округ Ал-Азим во близина на градот Бакуба, убивајќи еден чувар и 11 војници додека спиеле

Портпаролот на ирачкиот началник на Генералштабот, Јехиа Расол, изјави дека заедничките воени оперативни сили и воздухопловните сили ја идентификувале групата одговорна за нападот, посочувајќи дека нејзините членови се кријат во Ал-Азим.

Според Расол, девет екстремисти биле убиени во три воздушни напади.

Претставник на безбедносните сили, кој не сакал да биде именуван, изјави дека меѓу загинатите има и четворица Либанци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.