Една од најголемите саат-кули во светот, лондонската Биг Бен, ќе заѕвони вечерва во 20 часот по локално време (21 часот по средноевропско време), кога ќе се одржи едноминутно молчење за починатата кралица Елизабета Втора, соопшти британскиот парламент.

Ѕвоното е опремено со придушувач и повторно ќе заѕвони во 20.01 часот за да го означи крајот на минутата молчење, објави Гардијан.

Биг Бен, исто така, ќе звони на секоја минута утре додека ковчегот на кралицата се движи од Вестминстерската сала во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи погребот, пренесе Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.