Украина тврди дека Русите загубиле 50 отсто од својата војска при бегството од Харковскиот регион.

Главниот штаб на Украинските вооружени сили утринава соопшти дека извршиле молскавичен контранапад и ослободиле илјадници квадратни метри окупирана територија. Русите оставиле зад себе повеќе од 200 парчиња воена опрема.

Британското разузнавање тврди дека Русија е насочена кон моралот на украинскиот народ.

Според нив, Русија го зголеми бројот на цели меѓу цивилната инфраструктура во обид да го поткопа моралот на Украина – народот и владата.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.