Натпреварот меѓу фудбалерите на Арсенал и ПСВ кој требаше да се одигра в четврток во рамки на Лига Европа е одложен, соопшти денеска УЕФА.

Дуелот, како што се прецизира во соопштението, е одложен поради „сериозни ограничувања на полициските ресурси и организациски прашања“ во врска со тековните настани по смртта на британската кралица Елизабета Втора.

УЕФА наведе дека новиот термин за одигрување на натпреварот меѓу Арсенал и ПСВ ќе биде дополнително соопштен.

Претходно УЕФА одлучи да го помести за в среда натпреварот од Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Глазгов Ренџерс и Наполи, што првично треба да се игра утре.

Британскиот сервис Би-Би-Си објави вечерва дека нема да има измени во термините за одигрување на натпреварите на англиските екипи во ЛШ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.