Тешка навреда се случи на седницата на Советот на Град Скопје, кога заменикот на градночалничката Данела Арсовска, Александар Трајановски од партијата ГРОМ, боксерски клуб го нарече тепачки чиишто членови наводно се во затвор.

На денешната седница се дискутираше по иницијативата на десетина спортски клубови кои ги користеа просториите на спортската сала на средното училиште „Кочо Рацин“ во скопската општина Ѓорче Петров, а кои на почетокот од месецов беа оставени на улица. Жителите на населбата чии деца спортуваа во салата посочуваат дека зад тоа стојат бизнис интереси на човек кој важи за близок до градоначалничката на Градот Скопје.

Сите спортски клубови коишто се регистрирани во општина Ѓорче Петров на почетокот од февраури испратија барање за користење на салата до градоначалникот на Град Скопје и секретарот на Град Скопје, но наместо позитивен одговор добија вонреден инспекциски надзор.

Погледнете го видеото овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.