В сабота 25.02.2023 година од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов  „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”.

Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно.

Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена.

Програмскиот дел ќе го исполнат: Стела и Сани, ЗОО Азбука /ДКЦ Карпош
ќе им обраќње  на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, ќе даде свое учество и Градскиот мешан хор Вардар а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки.

Голема благодарност до нашите пријатели и соработници од МКЦ, Вива, Телеком, Халк Банка, Пелистерка, кои го поддржаа овој хуманитарен настан, како и до сите учесници.

Ве очекуваме во  сабота во Скопје ЗОО и уште еднаш да покажеме дека сме  хумани и солидарни!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.