Градоначалникот на Бутел Дарко Косотовски по десетина месци повторно се јави од домот на семејството Давитковиќ од Радишани. И овојпат со убави вести.

Костовски информира дека покрај сериозната финансиска помош, семејството на Влатче добило нов патос, нови плочки, нов мебел, нова кујна, нови средства за греење, нова бела техника, а пред Нова година ова многу мило семејство ќе добие сериозен прилив на храна и дополнителна финанскиска помош.

Од утре Иван, помалиот брат на Влатче ќе почне со работа во општина Бутел.

Се сеќаваме на семејството Давитковиќ, Влатче, неговите браќа и сестричка!?
Се обврзав лично да бидам нивен доживотен пријател, додека сум во можност да се трудам да не им недостасува ништо што е неопходно.
Семејството Давитковиќ покрај сериозната финансиска помош, доби нов патос, нови плочки, нов мебел, нова кујна, нови средства за греење, нова бела техника. За слениот период ќе ни остане да ги замениме старите прозорци и некои ситни работи.
Пред Нова година ова многу мило семејство ќе добие сериозен прилив на храна и дополнителна финанскиска помош.
Од утре Иван, помалиот брат на Влатче, ќе почне со работа во општина Бутел 😇
Не е мој начин хуманите обврски јавно да ги презентирам, но за ова семејство излезе сторија во јавноста, па од таму помислив да објавам дека се добро, да не се грижиме за нив, да бидете спокојни. Бидејќи знам колку луѓе ги допре нивната тогашна тешка состојба. Исто така да ја искористам приликава јавно да им се заблагодарам на сите хумани луѓе кои помогнаа во оваа акција, напиша Косовски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.