Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.

Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓанхуманитарна акцијаи што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија.

Дополнително, во петок 23.02.2024 година во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје Георги Димитров ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје.

Градот Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, за доброто на нашите деца и за најранливите категории граѓани на кои сме им најпотребни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.