Бојан Христовски е кадарот кој ќе внесе ред и закон во децениското безредие и беззаконие во ЈП „Градски паркинг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека токму поради тоа е стравот на СДСМ, затоа што нивните криминогени кадри ќе се соочат со законот и одговорност.

Токму нивната власт и лакомоста на Шилегов од претпријатие во добивка го претворија во претпријатие загубар. Затоа што популарна е практиката на врски и протекции во паркирањето, како и сомнежите за издавање на фиктивни фискални сметки кои наместо во касата на паркинзи завршувале во приватни џебови. И токму затоа паниката од новиот директор на паркинзи е паника за одговорноста која следи за криминалното работење на СДСМ, велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.