Наместо конкретни идеи за подобрување на животот на граѓаните СДСМ секојдневно шири невистини и лажни вести со кои нанесува директна штета на Градот Скопје, реагираат од Град Скопје по обвинувањата од СДСМ.

Не е вистина тврдењето на владејачката партија дека партиски кадри се вработуваат во Град Скопје. Станува збор за продолжување на договори на определено време на лица веќе вработени во градската администрација, велат од градската власт и додаваат:

,,Бројот предвиден годинава е значително намален во споредба со 2021 и 2020 година, и лицемерно е некој кој гласал за значително зголемување на вработувањата во градската администрација сега за истото да шири дезинформации. Власта наместо да шири лажни вести, да се посвети на тоа да им помогне на граѓаните. Владите во другите земји уште минатата година донесоа мерки за 2022 година да се надмине големата енергетска криза. Додека СДСМ на дневно ниво неосновано го напаѓа Градот Скопје, барајќи оправданија за неодговорната работа на Владата, граѓаните на Скопје се во опасност да останат без парно греење.”



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.