Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје известува дека од 01.10.2023 год. (недела) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

– Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;
– Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:
– Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Исто така, од 01.10.2023 се врши промена на работното време и на јавните паркиралишта:

– Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ каде услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.

Апелираме до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата, велат од „Градски паркинг“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.