Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски објави отчет за првите 100 дена работа во општината за него и неговиот тим.

Почитувани драги сограѓани,

Општината ја гледам како свој дом, од таму јас и мојот тим сме спремни да дадеме надчовечки напори за да ја вратиме довербата кај граѓаните. Со цела сила сакаме да покажеме дека можело поинаку, дека оваа наша општина може да биде многу поубаво и помирно место за живеење.

За 100 дена успеавме да:

✅Исчистиме 23 големи депонии на територија на Општина Бутел, на исчистените локации поставивме табли на кои се алармира дека е забрането фрлање на отпад, исто така истакавме телефонски броеви за пријавување.
✅Целосно го исчистивме коритото на реката Серава во Радишани со должина нешто повеќе од еден километар.
✅Изградивме две модерни игралишта за баскет со ултра модерна и лиценцирана подлога за играње и контрукции за кошеви. ( Заради временските услови истите ќе бидат за многу скоро финализирани и свечено отворени ).
– Првото игралиште во Бутел 1 (ООУ св. Климент Охридски)
– Второто игралиште во Радишани (ООУ Ацо Шопов)
✅Изградивме две нови игралишта за деца
-Првото во ООУ Живко Брајковски
-Второто во Градинката во Бутел 1
✅Купивме 33 нови интерактивни табли за модерна настава во основните училишта, истите беа рамномерно поделени во основните училишта.
✅Опремивме три нови кабинети по информатика со нови и конфигурациски силни персонални компјутери
-ОУ Ацо Шопов
-ОУ Гоце Делчев
-ОУ Линан Каба (После 20 години ова ООУ добива кабинет по информатика)
✅Започна со градба новото општинско основно училиште во Визбегово
✅Во градинките опремивме:
– Десет училници со нови масички и столчиња
– Нови дидактички играчки за дечињата
– Нови меки подлоги
– Нови шкафчиња
– Две нови смарт табли специјализирани за дечиња од предучилишна возраст
✅Го решивме големиот проблем со улица АФЖ во Радишани
✅Целосно го реконструиравме пензионерскиот клуб на Љуботенски Пат
✅Во крајна фаза е санацијата на спортската сала на ООУ Живко Брајковски
✅Целосно беше истампониран патот во Љубанци од Пештер до манасттирот св. Јован
✅Уличното осветлување се подигна на многу повисоко ниво со брзи и ефикасни интервенции
✅Неколкуте наноси на снег беа експресно брзо расчистени, машините за чистење снег интервенираа и на споредните улички.
✅Ја отворивме Оптшина Бутел за народот, сега буквално секој граѓанин може да закаже средба со градоначалникот преку телефонски повик.
✅Ја забрзавме работата на општинската администрација
✅Фронтално се спротиставивме на можноста за корупција во општината
✅Со драстично намалување на привремени вработувања само за 2022 година ќе заштедиме 10 милиони денари, наша проценка е дека за четири години ќе заштедиме над 50 милиони денари за разлика од преходно, и тоа само со решавање на фантомските непотребни вработувања. Секако дека заштедените пари ќе бидат вложени во проекти за општо добро на граѓаните на нашата општина.
✅Лично јас како градоначалник се откажав од сите репрезентативни трошоци
ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ ШТО СЛЕДАТ НАСКОРО:
➡️Започнување со градба на нова градина во Бутел 1 веднаш до училиштето св. Климент Охридски
➡️Целосна реконструкција на улица Бутелска
➡️Целосна реконструкција на улица Радишанска
➡️Целосна реконструкција на улица Скоевска
➡️Целосна реконструкција на улица Бел Камен
➡️Целосна реконструкција на улица Мостарска и Пребоднова со решавање на проблемот со атмосферската канализација
➡️Промена на оградата во ООУ св. Климент Охридски
➡️Проектирање и изградба на корито на река Серава во Радишани
➡️Изградба на трим патеки на неколку локации покрај реката Серава
➡️Целосно чистење на коритото на реката серава долж цела Оптшина Бутел
➡️Асфалтирање на неколку улички во Љубанци
➡️Асфалтирање на повеќе кратки улички во скоро сите населени места
➡️Реконструкција на сите спортски игралишта
➡️Реконструкција на сите детски игралишта
➡️Изградба на неколку паркови на територија на Општина Бутел
➡️Изградба на неколку спортски игралишта во неколку населени места
➡️Реконструкција на мостот (кај Морски) Радишани горна зона
➡️Поставување на бекатон плочки на влезовите пред зградите во Скопје Север
➡️Решавање на проблемот со атмосферската канализација на неколку позиции во Бутел 2
➡️Стипендии за најдобрите спортисти до 18 години и над 18 години
➡️Стипендии за најдобрите ученици во основните училишта
➡️Помош за школски прибор на учениците кои што се наоѓаат во социјален ризик
➡️Финанскиска помош на спортски клубови
➡️Организирање на неколку културни манифестации
➡️Голем број хуманитарни активности
➡️➡️➡️Уште многу проекти за кои тековно ќе бидете запознаени. Следи и изненадување ! 😁

Со цело ❤️ за Општина Бутел✅
Идеата е поставена, по секоја цена одиме до крај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.