Oд 15 февруари до крајот на март граѓаните кои имаат долговите за задоцнето плаќање на сметките за вода и смет ќе можат да ги платат без пресметана камата, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Во овој период граѓаните ќе можат да поднесат барање за договор за отплата најмногу до 48 рати, а правните лица најмногу до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес, информираат од Водовод и канализација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.