Фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата „Борис Трајковски“, објави Фактор.

Од Град Скопје потенцираат дека и покрај извршениот надзор, преземени мерки и казни, правното лице „Дизниленд реквизити“ наисилно продолжува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред СРЦ „Борис Трајковски“.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, презема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирамe да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие, стои во соопштението од Град Скопје.

Од таму ги повикаа надлежните институции за најбрза можна реакција, бидејќи како што потенцираат се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

Фирмата „Дизниленд Реквизити“ е регистрирана на 4 април 2024 или пред повеќе од еден месец, а како основач и сопственик стои името на извесен Никола Митевски, дознава Фактор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.