За Скопското кале единствено одговорност има Националната Установа Конзерваторски центар. Надлежностите на градот завршуваат со коловозот и тротоарите на улицата Лазар Личеноски, велат од Град Скопје по објавата на градоначалникот на Општина Центар, Герасимовски, дека сериозно е оштетен потпорниот ѕид на Скопското кале.

„Бидејќи до овој момент до градот Скопје нема пристигнато никаков допис во врска со потпорниот ѕид на Скопското Кале на страната на улицата Лазар Личеноски, ги упатуваме од општина Центар да се приклучат на дописот на градот Скопје до Министерството за Култура и НУ Конзерваторски Центар“, велат од Град Скопје.

Претходно, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски објави дека екипи извршиле увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата Лазар Личеновски на Кале за кој стигнале укажувања од граѓани дека може да се урне.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.