Како последица од поројниот дожд кој вчера попладне го зафати Скопје, вода на Клиниката за кардиологија се појави само во една просторија. Истата веднаш е санирана, по што на двајца пациенти со акутен инфаркт им е направена интервенција, соопшти Министерството за здравство.

Според МЗ, сите сали за интервенција работат во стандардни услови и по стандардни протоколи.

Вчера, по поројниот дожд што го зафати Скопје, од Центарот за управување со кризи соопштија дека на Клиниката за кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.