Ликот на новогодишно Скопје низ призмата на Ивор Мицковски.

Тирана и Приштина, ќе ги земам како најзаостанати реалности, веќе неколку години, барем во центарот, особено Тирана, личи на европска метропола.
Само сликата е доволна, како се е средено, како се чистат и усисаваат улиците, како се надмина лудилото на дивоградби и само непланско да се гради за партии и нивни бизнисмени да колат народ и уништуваат град.
Скопје од друга страна 30 години пропаѓа, за денес да е отворена депонија и дистописка некропола која нема никаква смисла, која не ти дозволува ни да работиш, ни да живееш, камоли некако да се унапредуваш и развиваш.
Се уништи овој град трајно и ме фаќа депресија и немир при помислата дека остатокот од животот тука би го поминал или би растел деца во ваква средина.
Не упропастивте, сите досегашни и актуелни политичарчиња, натоварени со брдо кеш на сметка и на овој наш град.
И плачат некои не им било накитено, што иначе беше уште еден криминален и преплатен процес.
Што да ви накитат бе, зарем може да се накити оваа руина, зарем не ви е доволно накитена со ѓубре, распаднати улици и фасади, депонии на секој чекор, смрдеш од контењери и загаденост.
Нема тука што да се кити, во град кој од безопашест бик направи канта за ѓубре.
Упропастена реалност не се кити и не се разубавува со скупа шминка.
Жалосно, ама ситуцијата и овој олош од политиканти нема никогаш да се оправат, треба да поминат уште 30 години барем за да вратиме нешто во нормала, а тогаш ќе биде касно и проџе живот.
Треба да ве собереме на плоштад и да ве накитиме сите со расипани јајца, катран и пердуви, ебаве стоката, пишува Мицковски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.