Поранешниот директор на ЈСП Игор Јанушев реагира на изјавите на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која го нападна дека го оставил јавното претпријатие во долгови.

Гледам и слушам последниве денови дека (ш)пицнава градоначалничка Danela Arsovska од некои само за неа познати причини решила да зборува за мене и да ме напаѓа. Во ред, легитимно е тоа и немам ништо против, слободно нека продолжи жената, но за волја на вистината морам да и укажам на некои факти кои очигледно и се непознати, а впрочем и од каде би и биле.
Директор на ЈСП Скопје бев речиси 3 години, на фукцијата стапив во Февруари 2015 година, а бев сменет во Ноември 2017 година. Така да, ниту сум бил, ниту сум можел да бидам директор на Мицкоски.
Во овој речиси 3 годишен период, финансиските проблеми беа огромен предизвик, но исто така станаа мисловна именка затоа што се работеше! Оставив во наследство модерно и финансиски стабилно јавно претпријатие, што успеавте да го уништите!
Ајде да ги видиме бројките:
• Добивка 2014 – 7.136.000 денари
• Добивка 2015 – 72.980.000 денари
• Добивка 2016 – 65.260.000 денари
Обврските за плаќање во Февруари 2015 изнесуваа 174.477.000 денари, а во Ноември 2017 – 96.518.000 денари.
Долгот за ДДВ во Февруари 2015 изнесуваше 90.422.000 денари, а во Ноември 2017 – 13.491.000 денари.
А, покрај тоа во овие речиси 3 години:
– се воведе АВЛ систем (Автоматска локација на возила),
– се воведе електронска наплата,
– се реорганизира Диспечерскиот центар во Оперативно-контролен центар (преку кој во живо се следат сите возила кои учествуваат во јавниот градски превоз),
– се пушти во употреба официјалната android/iOS апликација „JSP – On The Go“,
– се воведе Интегриран тарифен систем,
– се прошири продажната мрежа, од 50 на над 250 продажни места,
– се постави лифт на „Милениумскиот крст“ на Водно.
Значи, ако се сака, и нормално, ако се знае како, може и финансиски да се консолидира претпријатието и истовремено да се инвестира и модернизира.
Јавно ја прашувам Danela Arsovska кои се финансисите резултати од оваа година и дали можат на било кој начин да се споредат со најлошата година која јас сум ја имал во ЈСП? Или еве за полесно да и биде, нека ги погледне и претходните 20-30 години од работењето на ЈСП.
Градоначалничке Danela Arsovska не е убаво да се расфрлате со паушални и хистерични изјави и да напаѓате без било каков основ, само ја губите и таа минимална поддршка која ја имате, ако воопшто останала таква. Засукајте ги ракавите и земете нешто да сработите, им го должите тоа на граѓаните. И мислете уште од сега како ќе обезбедите средства за плата за овој месец за вработените во ЈСП, тоа е многу поважно него да се занимавате со мене.
Искрено ви посакувам во овие 3 години што ви остануваат од мандатот да имате дупло подобри резултати од тие што јас ги постигнав во ЈСП Скопје.
А, да – во мое време во ЈСП се земаше плата до 5-ти во месецот и немаше ниту еден штрајк.
П.С. – бидејќи не знаете како, прашајте, не е срамота да се побара помош.
П.П.С. – очекувам јавно извинување за клеветите и навредите кон мене … да не мора да одиме по судови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.