Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на Пи-Ар секторите на министерствата дадовме суштински придонес и државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес, вели досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за „Фокус“.

Тој додава дека е горд на петте години во службата за придонесот кон демократизација на општеството и воведувањето на поинакво управување – склоно да биде критикувано, склоно да слуша, да разбира и да постaпува по критиките.

Имаме Влада која четири години по ред е прогласувана за влада со највисок индекс на отвореност во регионот. Овие титули за македонската влада се стекнати низ повеќегодишен труд и системски напори за инсталирање на транспарентноста длабоко во институциите, преку декласификација и објавување документи и информации за кои јавноста пројавува интерес – вели Забрчанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.