Во овие 100 дена градоначалникот на општина Крива Паланка Сашо Митовски со поддршка од советниците од СДСМ ја зголеми цената на водата за пиење на 30 денари за метар кубен. Денеска граѓаните плаќаат најскапа вода за пиење во историјата на Крива Паланка. Исто така во овие 100 дена градоначалникот и советниците на СДСМ ја зголемија цената и на такси превозот, односно од 50 денари на 60, односно 70 денари, обвинува Емил Спасовски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Крива Паланка и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него Митовски ги дели културните уметнички друштва на подобни и неподобни со носењето на решението за иселување на едно фолклорно друштво од просториите кои што се во сопственост на општината.

Во првите 100 дена донесе и решение за иселување на фолклорно друштво од простории кои се во сопственост на општината без било какво образложение, што очигледно според него постојат подобни и неподобни културни уметнички друштва, а не друштва кои што години наназад ја негуваат и промовираат културата и традицијата и го претставуваат нашиот град во земјата и надвор, истакна Спасовски и додава дека во овие 100 дена во општината се нема реализирано ниту еден инфраструктурен проект, а Митовски се уште не ги реализирал ниту проектите кои му се оставени уште од претходниот градоначалник негов роднина Борјанчо Мицевски.

Според Спасовски, во овие 100 дена Митовски нема изработено или аплицирано за било каков инфраструктурен проект.

На градоначалникот единствено му остана да се фотографира со проекти кои што дел се планирани и проектирани во време кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со општината, а денеска се во фаза на изработка останати во наследство од претходниот градоначалник, неговиот вујко Борјанчо Мицевски. Борјанчо Мицевски му остави уште едно сомнително јавно приватно партнерство за улично осветлување за која општината ќе плаќа 11 милиони денари годишно и истото ќе трае во наредните шест години за кое допрва надлежните институции треба да го истражуваат, објасни Спасовски.

Спасовски потенцираше дека како советничка група од ВМРО-ДПМНЕ поднеле иницијатива средствата за украсување да се пренаменат за вработените од здравствениот дом, како и иницијатива за решавање на сообраќајниот хаос во централното подрачје на градот, но истите биле одбиени од Митовски и советниците на СДСМ.

Градоначалникот недомаќински плати од парите на граѓаните како никогаш досега најспако новогодишно украсување на општината, во време на здравствена, економска и енергетска криза. Ние како советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесовме иницијатива за пренамена на средствата за вработените во здравствениот дом во Крива Паланка. Но тоа од негова страна беше експресно одбиено. Ние како советничка група поднесовме иницијатива и за решавање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје на потегот од Шанин до Соларски мост, за што сите сме сведоци дека во одреден период од денот се случува сообраќаен хаос. Иницијативата беше одбиена од страна на градоначалникот и советниците од СДСМ, вели Спасовски.

Ги нема ветените нови паркинг места, нема катна гаража, но гласно се зборува за зонско паркирање преку јавно приватно партнерство за кое ние како советничка група остро ќе се спротивставиме и нема да дозволиме дополнителни оптеретувања на граѓаните, кажа тој.

Тој смета дека мандатот на Митовски во првите 100 дена се сведени на гол популизам и аматерски скапо платен пи-ар, укажувајќи дека како советничка група на СДСМ и понатаму ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните и да се спротивстават на лошите локални политики.

По сето ова можеме да заклучиме дека првите 100 дена од мандатот на Митовски се сведени на гол популизам и аматерски скапо платен пи-ар, заклучи Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.