Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, однсно литургија на помирувањето, јави дописникот на МИА од Белград.

Вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување.

– Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави вчера портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.

Литургијата ќе почне денеска во девет часот, а ќе ја одржат српскиот патријархот Порфириј со владиците од СПЦ и архиепископот охридски и македонски Стефан и тројца митрополити во ранг на најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.

Српската православна црква ги повика верниците да учествуваат на овој единствен и радосен настан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.