Oд 9-31 мај  во Националната опера и балет, ќе се одржи 52. издание на „Мајски оперски вечери“. 52 години по ред во најубавиот месец на годината, мај во Скопjе се одржува единствениот и по содржина и по состав, меѓународен фестивал „MAJCKИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“.

Традиционално со палењето на фестивалскиот оган во Националната опера и балет на 9 мај 2024, со почеток во 20.00 часот, ќе се отворат 52. „Мајски оперски вечери“ со премиерата на грандиозната опера „ТРУБАДУР“ од Џузепе Верди, втората изведба на операта „ТРУБАДУР“ е на 11 мај. 20.00 ч.

На 15 мај, 20.00 ч. ќе се изведе волшебната балетска бајка „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ од П. И. Чајковски.

На 18 мај, 18.00 ч. за првпат на македонската сцена ќе се изведе опера од композиторот Рихард Вагнер, операта „ВАЛКИРА“ со гостување на Софиската опера и балет.
На 23 мај, 20.00 ч. ќе се изведе ремек-делото од Џакомо Пучини, операта „ТОСКА“ .
На 28 мај, 20.00 ч. ќе се изведе камерната опера „СВАДБА“ од Ана Соколовиќ, во изведба на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.
Традиционално затворањето на фестивалот „Мајски оперски вечери“ е со величествената „АИДА“ од Џузепе Верди.
Во рамките на фестивалот во фоајето на Националната опера и балет од 9 мај ќе биде поставена изложба посветена на оперската примадона Милка Ефтимова со наслов „ОПЕРСКА ОДИСЕЈА“ – Наследството на Милка Ефтимова.
Изложбената експозиција ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија и фотографии и портрети кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
Изложбата е резултат на меѓу институционалната соработка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и НУ Национална опера и балет, Скопје.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.