Во Рим ќе има средба меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков, потврдуваат од МНР на прашање на Телма.

Од Владата, велат дека не очекуваат поместување на позициите на средбата Ковачевски-Петков.

Двете државни делегации во различни термини ќе го чествуваат Свети Кирил и Методи, но посетите ќе се преклопат во еден дел, па за очекување е темата на разговорите да биде последното европско забрзување за да се надмине проблемот.

Нема промени во спорот, има притисок за напредок, вака бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска за БТВ ги коментира наводите за брзо разрешување на актуелната слепа улица во односите меѓу Македонија и Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.