Српскиот премиер Милош Вучевиќ им ја честиташе победата на партијата ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски на парламентарните избори во Македонија, како и на нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова за победата во претседателската трка, јави дописикот на МИА од Белград.

Срдечни честитки до ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за убедливата победа на парламентарните избори, како и до Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Македонија, напиша Вучевиќ на социјалната мрежа Х.

Сигурен сум, наведе, дека во наредниот период ќе постигнеме дополнителен напредок во нашите односи.

Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа, порача Вучевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.