Денеска во Кичево на свечената манифестација по повод Богојавление Водици најсреќен беше Кристијан Врапчароски кој го извади светиот Крст од осветените води.

На овој настан учествуваа 28 скокачи, додека најсреќниот од нив не ја криеше својата среќа и задоволство, посакувајќи здравје, среќа, љубов и мир на сите.

Врапчароски беше најсреќниот во 2018 година, 2020 и оваа 2022 година, нека му е со среќа!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.