Во време кога имаме посета од страна на висок дипломатски претставник во Скопје на само неколку метри од владата се случува криминална пресметка. Крвавите пресметки континуирано растат, а наместо одговорност од СДС, Ковачевски и Спасовски слушаме фалби дека Македонија била безбедна држава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека само за Ковачевски и СДС е европски пукањето сред бел ден во главниот град.

Македонија се претвори во криминална серија, во која речиси да нема месец, а да не се случи некоја мафијашка пресметка или убиство. Криминалците се пукаат сред бел ден, Ковачевски не убедува дека само што не сме влегле во ЕУ, а министерот за внатрешни работи Спасовски никаден го нема. Нема разлика меѓу подземјето и власта. Тоа е едно! Македонија е далеку од Европа со владата на СДС и ДУИ. Никој во Европа не сака држава во која владеат криминалнот и подземјето. Спасовски не може да пронајде две лица кои вееле знаме на Голема Албанија, а како може да се очекува дека ќе ги пронајде пукачите и убијците. Се палат автомобили на политички опоненти, се киднапираат луѓе, се случуваат мафијашки пресметки, убиства а до денеска нема никаква разрешница, ниту одговор кој стои позади ова, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметат дека СДСМ и Спасовски 7 години не можат да обезбедат државата да е безбедна и велат, затоа се потребни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.