Ансамблот за народни игри и песни „Танец“  одржа концерт во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.

– Извонредна и ретка можност да се види на сцена во Кавадарци. Основан во март 1949 година, во Скопје, ансамблот веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура и, недвосмислено, еден од главните темели на македонската државност. Формиран со цел да ги собира и да ги негува македонските традиционални песни и игри, народните инструменти и носии и, преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претстави највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ, тој е денес една од најблескавите страници на македонската културна историја – соопштија од културниот дом „Ивам Мазов-Климе“.

Оттаму нагласија дека, благодарение на сите генерации што ја граделе и ја реализирале јасно поставената програмска активност на основачите, ансамблот низ годините се развивал и прераснал во институција за почит, издигнувајќи се на нивото на уметничка извонредност и симбол на културен раскош пред публиката ширум светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.