„Ако до сега не му беше јасно на Ковачевски дека треба да си поднесе оставка, читајќи ги изјавите од нашите стратешки партнери последните денови, се надеваме дека му станало појасно“ се вели во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија треба час поскоро да има брзи избори, за народот да има шанса да си го каже своето мислење и кои политики ги преферира. Ковачевски треба да си признае самиот на себе, дека тој и оваа влада нема легитимитет пред граѓаните и дека блефот пред меѓународната заедница дека има 80 пратеници, за промена на уставот под бугарски диктат е прочитан и нема да се случи“ велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат премиерот „да не купува ден за ден, само за да договорат уште некој тендер во 4 очи и уште толку да се збогатат на грбот на граѓаните. Оваа влада е готова, на крај барем нека биде искрена власта пред народот и уште денес да се распушти“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.