ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го осудува нападот на новинарската екипа.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко кој спротивно на сите процедури е последниот во низата белосветски криминалци на кој под крајно сомнителни околности власта на СДС му даде македонски пасош.

Ова е последица на нездравиот амбиент, поделбите и омразата кој подолго време се креира од власта.

Со анонимноста и тајноста на целиот случај, власта создава контраверза и замешателство во креирањето на истиот“- велат од партијата.

Ваквиот меѓународен скандал покажува дека власта која се удира во гради за ЕУ и САД, зад грб работи против нивните интереси кога тоа е врзано за пари и интереси. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се расветли целиот овој случај обвиен со контраверзи, се наведува во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.