Вчера попладне врз станбен објект во Неготино од небо падна тежок војнички ранец, кој уништи дел од натстрешница на помошен објект во семејна куќа.

Во Неготино можеби нема вода, можеби нема ни соодветно осветлување по улиците, нема ниту инвестиции, но затоа пак во Неготино ни паѓаат ранци од небото! Се прашуваме, доколку паднал ранец од летечки објект, дали постои опасност да падне нешто значително ризично и фатално по животот и здравјето на неготинци?
И што ако овој објект – предмет паднеше на место каде има голема фрекфенција на луѓе?
Немоќни да го заштитат и регулираат сопствениот простор како резултат на губење на суверенитетот, НИЕ бараме соодветните институции да сносат одговорност и да го расветлат случајот во најкраток можен рок, реагираат од политичката партија Левица.

Oчевидец за „Фокус“ вели дека се случило околу пладне.

Децата и татко ми беа надвор, во дворот. На улицата исто така имаше многу луѓе, деца возеа велосипеди, си играа. Одекна како експлозија и истрчав надвор. Имаше што да видиме, вели тој.

Од силниот удар надстрешницата била целосно уништена, а вознемирените луѓе веднаш повикале полиција.

Дојде полицијата, го обезбеди местото. По некое време дојдоа и автомобили со скопски регистарски таблички, дојде војската. Околу три-четири часа се задржаа во дворот каде што падна ранецот. Се собра и многу народ, целата улица беше таму, доаѓаа и луѓе од други делови на градот.
Што треба да мислиме после ова? Дека ние, жителите на Неготино сме изложени на огромна опасност! Доколку ранецот со таа брзина со која паѓал, удрел во дете или пак возрасен човек, знаеме кој ќе беше епилогот. Ова е страшно и не смее да се повтори никогаш!, раскажуваат очевидци за „Фокус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.