Кавадарци, 24 април 2024 (МИА) – Во општините Кавадарци, Неготино и Демир Капија има над 30 проценти излезност до 13 часот, на денешните претседателски избори. За ова информираа претседателките на општинските изборни комисии Кавадарци и Неготино, Емилија Петровска и Елизабета Камчева, како и претседателот на демиркаписката ОИК, Благој Јовановски.

Во општина Кавадарци гласале 31.5 отсто од лицата со право на глас, во неготинска општина 34 проценти од избирачите, а во Демир Капија 34.32 отсто од гласачите.

Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, во списокот за неготинска општина се запишани вкупно 15.840 избирачи со право на глас, а во списокот за општина Демир Капија, има 3.216 избирачи. свд/ир

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.