Оливер Спасовски, Министерот за внатрешни работи во земјава во денешно гостување во Канал 5 ТВ изјави дека за службените патувања многу често користи нискобуџетни компании. Тој вели дека во услови на криза, мора да се рационализираат сите трошоци бидејќи тоа се финансиски средства на граѓаните и важно е да се вршат работите со најмал можен трошок.

Тоа не е ништо чудно, треба да ги користиме сите можности за да одбереме најповолни понуди за летање и во смисла на цена и во смисла на конекција. Многу често ги користам Изиџет, Визер, Рајанер итн., истакна Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.