Оливер Спасовски, носител на листа на СДСМ во втора ИЕ денеска порача дека 33 години СДСМ не се откажувала од иднината.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е вграден во темелите на современата македонска држава, социјалдемократскиот код на нашето општество е двигателот на државата кон нашата иднина – ЕУ.
Низ годините бевме исправени пред бројни предизвици кои ги надминавме со ум и со срце и влеговме во длабоки промени, за слободна, современа, прогресивна и европска Македонија, за која одлучно продолжуваме заедно и од која не се откажуваме. Бидејќи, создадовме партија која е отворена за сите граѓани со концептот Едно општество за еднакви можности за сите.
И сите заедно, денеска, и утре и секој ден, ја испраќаме силно пораката, дека СДСМ ги чува демократијата и слободата во државата!
Со СДСМ Македонија има европска иднина!
Нема да се откажеме од европска иднина за сите!
Да живее СДСМ!
Да живее европска Македонија! – напиша Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.