Би сакал да споделам еден апел, не апел, крик на родителите на деца со посебни потреби.
Покрај проблемите со кои секојдневно се соочуваат како непристапноста на просторот за децата со посебни потреби, општествената стигматизација постои и проблем кој лесно се решава, институциите се нафатија да го решат и како сѐ кај нас само направија полошо. Во владината политика за инклузија на децата со посебни потреби имаше дел кој требаше да се реализира од септември – децата со посебни потреби да добијат асистенти кои им се потребни за да ја следат наставата, асистенти кои уште не проработеле. Наставата се одвива, почнува трет месец, родителите се снаоѓаат како знаат и умеат, некои можат да платат асистент, но поголем дел се радуваа на ова решение од владата.
Покрај што ги нема асистентите и на прашањата на родителите враќаат грубо и со закани. Нема да спомнам имиња, се надевам дека сите надлежни не се исти и некои имаат разбирање за родителите и ветеното за нив и нивните деца.
Сите деца заслужуваат да растат среќно, пишува на Фејсбук, Божидар Божиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.