По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ“, информираше Костадинов на социјалните мрежи.

Како што вели, најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија.

Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја. Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.

СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој“ – напиша Костадинов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.