„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ под никакви услови нема да прифати промена на Уставот со цел влез на Бугарите во Уставот. За таа работа гарант е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, каде што сите пратеници и јас сум пратеник и потпишаа изјави заверени кај нотар дека нема да гласаат за уставни измени. Всушност најдобар доказ дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени е што СДСМ не ги праќа тие уставни измени во Собранието. Ако ја имаат бројката што не ги пратат во Собрание, ќе се изгласаат  и да заврши приказната. Ние им рековме или пратете ги во Собрание и да видиме дека имате 80 или да одиме на предвремени парламентарни избори затоа што немате легитимитет. И тука е јасно ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени со цел на влез на Бугарите во Уставот во ниедна форма и на ниеден начин“, нагласи Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

„Денес темелите на Македонија се удираат од оние ко што не сакаат да постои македонската држава. Основа за тој удар е Договорот со Бугарија и затоа е симболиката таа дека ние ден пред Референдумот за независност од 1991 година ја започнуваме иницијативата за нов Референдум јас би го нарекол за спас на Македонија“, истакна потпретседателот.

Николоски додаде дека денес граѓаните се соочени да ја спасуваат Македонија од оваа криминална влада.

Потпретседателот потсети СДСМ кога е на власт се случуваат лоши работи на Македонија и македонскиот народ.

„Ги продадоа фабриките за без пари, тука е и воведувањето на срамната референца 1993 година Поранешна југословенска Република Македонија, промената на знамето на Македонија во 1995 година. Понатака т.н. нова територијална организација што беше вовед во поделба на Македонија од 2004 година. Понатака потпишувањето на Договорот со Бугарија со цел бугаризација на Македонија, воведувањето на двојазичност со израмнувањето на македонскиот и албанскиот јазик. И тука е промената на Уставот и на името односно Договорот со Грција. Сите овие еве осум работи набројав се направени од владите на СДСМ. Значи сите лоши работи во оваа држава се случуваат кога СДСМ е на власт“, појасни Николоски.

Тој додаде дека лекот е само никогаш повеќе СДСМ да не дојде на власт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.