Пратеникот Зоран Коцевски сподели вибер комуникација, за која на социјалните мрежи се тврди дека е меѓу началници и полицајци. На принтскриновите се гледа како полицајците добиваат насоки кого да претресуваат на влез во Скопје, со што луѓето кои доаѓаат на протест од Тетово и Куманово ќе бидат запрени, задржани и легитимирани. На социјалните мрежи се тврди дека насоките доаѓаат директно од врвот на МВР, односно од министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Ова е планот на бандитот Оливер Спасовски за да го заплаши и малтретира народот кој доаѓа на протести, во тоа поддршка му даваат и кадрите на ДУИ за заеднички да легитимираат и малтретираат граѓани кои ништо не сториле освен што дошле на протест зашто си ја сакаат Македонија!!!
Оливере, оставка, пробиен ти е планот, забега во диктатурата, после ова, ти си само еден голем БАНДИТ!!!
Крајот ти се гледа, фатен си на дело, ќе си одговараш, пишува пратеникот Коцевски на фејсбук споделувајќи ги фотографиите.

Под негова команда полицијата катастрофално ги води протестите против францускиот предлог. Полиција нема да ја следи протестната поворка, која маршира од Владата, преку МВР до Собранието. Оние малкумина полицајци кои стојат отстрана буквално стојат отстрана и не интервенираат кога има тензии. Полицијата има нареба да дозволи да дојде до инциденти, а опозицијата тврди дека и насилниците се инфилтрирани полициски структури чијашто цел е токму тоа – да предизвикаат инциденти и да го растурат протестот.


И самиот Оливер Спасовски најави дека за време на одржувањето на мирните протести против прифаќањето на францускиот предлог за укинување на бугарското вето и отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ, со кој наместо европеизација, на Македонците им се нуди целосна бугаризација, исто така се води оперативна акција, но не го објави нејзиното кодно име.


За оперативните акции на МВР „Платформа“ и „Атлантик“ прочитај ТУКА


Во вторникот пред Собранието се дозволи група насилници 40 минути да гаѓаат со бекатон плочки и коцка од калдрмата кон Собранието и полицискиот кордон. Пртоа беа повредени многу полицајци, кои кога добија наредба да ја истиснат толпата, тепаа и апсеа голорак народ.

Вчера, пак, полицијата дозволи протестната поворка да биде нападната од плоштадот Скендербег и да се предизвика меѓуетнички судир. На поворката беше пукано со пиштол додека полицајци позорници стојат отстрана и мочаат и се кријат меѓу демонстрантите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека се работи за полициска монтажа со меѓуетнички призвук, чија цел е или убиство на некој недолжен граѓанин, мајка со дете, пензионер, млад човек или негово убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.