Не стивнуваат реакциите по вчерашното скандалозно однесување на министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи кој работи спротивно на македонските интереси. Османи вчера ја презеде улогата на претседател на државата па самиот носи одлуки дали Македонија ќе излезе од регионални иницијативи како „Отворен Балкан“, дали имало геноцид во Сребреница. „Европски“ што би рекол Бујар во кампањата.

За изненадување е што конечно има реакција од помалиот коалициски партнер на власта СДСМ.Се огласи  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој смета дека одговорноста за случувањата во Сребреница треба да биде индивидуална, а не колективна.

-Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид. Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава, изјави Маричиќ за ТВ Канал 5.

Османи вчера најави дека ќе предложи Македонија да излезе  од иницијативата „Отворен Балкан“. Маричиќ и на тоа има реакција и нагласува дека секоја регионална соработка е добра за државата.

-Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена. И се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми. Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум, наместо да ги доведуваме во политички контекст, вели Маричиќ.

Од каде тоа Османи има информации за случувањата во Бањска на Косово па уште и ќе ги презентира на затворена седница на Влада.

И зошто на седница на Влада би се расправало за настан во друга држава која патем не е ни држава туку полу-протекторат.

Тоа е работа на властите во Приштина и на државата Србија е не на Османи.

Oсмани вчера решаваше и меѓународни проблеми па дури и се пофали дека самиот одлучил Македонија да биде промотор на Резолуцијата што Обединетите нации. Османи треба да знае дека во Сребреница навистина се случија ужасни убиства, но за тоа одговорноста треба да биде индивидуална а не колективна.Затоа вистинскиот збор е воени злосторства а не геноцид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.