Изјавата на премиерот и на министерот за надворешни работи е дека ова значи безусловен почеток на преговоите. Да би било безусловен почеток на преговорите би било веројатно како преговарачката рамка која сигурно и се нуди на Албанија и затоа премиерот на Албанија вели прифатете го ова заради интерес на неговата нација, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

Муцунски посочи дека политичарите имаат обврска да го штитат интересот на граѓаните на нашите семејства и на нашиот македонски народ.

Има техничка одлука за почеток на преговорите, но фактичкиот почеток на преговорите со тоа вистинско преговарање за кое цело време зборуваме тоа ќе се случи тек после промената на нашиот Устав. Ова е предлог кој сам во себе е условен и ги инкорпорира без исклучок сите барања на бугарската страна.

Оваа иста Влада и овие исти луѓе испреговараа билатерален договор со Република Бугарија кој го отпочна овој штетен процес. Исто така водеше и попустлива надворешна политика со сите наши соседи и создаде пракса и очекувања од сите заинтересирани страни за свој интереси дека што и да се презентира таа ќе прифати“, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека Бугарија тековно ќе се навраќа на вето и ние ќе бидеме заради ваков тип на договор постојано заглавени во процесот на преговори.

Овој француски договор нема никакви гаранции дека Бугарија нема да не блокира, но и дава на Бугарија можност овој тип на прашања да ги инкорпорира во преговарачката рамка. Односно отвора можност Бугарија практично секој момент кога ќе се водат пристапните преговори да блокира по однос на нивно субјективно толкување за нашата историја, идентитет и за нашиот јазик, посочи Муцунски.

Муцунски вели дека ова е преговарачка рамка каде што прв пат во историјата на Европската Унија, самата таа Унија ги нарушува своите принципи со вметнување во преговарачката рамка на билатерален спор. Тоа отвора можност и веројатност огромна за национално понижување на последниот дигнитет кој му остана на овој народ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.