Кога Германија претседаваше со ЕУ имаше подобар предлог за Македонија и таму не биле побарани уставни измени, рече пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашната „24 анализа“.

СДС беше партијата која на Бугарија ѝ ја направи најголемата услуга со потпишувањето на Договорот за добрососедство, СДС ја донесе Македонија во потчинета позиција кон Бугарија. Со блокадата од Бугарија се гледа дека е така, бидејќи Бугарија се повикува на Договорот и става вето и диктира преговарачка рамка. Неспособноста на власта се гледа кога владата рече дека францускиот предлог бил најдобар. Германскиот беше подобар предлог и не беа побарани уставни измени. Билатеризацијата на спорот со Бугарија ќе ѝ направи штета на Македонија по два основи. Едниот е идентитетското прашање и мешањето во учебниците, другото е што историското и јазичното прашање ќе одземат толку енергија, што наместо да се посвети државата на стандардите во реалните области, ќе се занимаваат кој што кажал, рече Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.