Во одговор на новинарско прашање дали бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ќе биде вратен назад ако се појави на границата за да присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, министерот Оливер Спасовски денеска одговори дека за тоа ќе одлучува тогаш.

 Ќе одлучиме на 4 февруари, нагласи Спасовски.

Владата не донесе одлука за забрана за влез на Ангел Џамбаски во Македонија.  На прашањето зошто не се прифатени предлозите за прогласување на непожелни личности, Спасовски беше дециден дека врвен приоритет ќе биде да се сочува, мирот, стабилноста и јавниот ред заради тоа што тоа не е доброи за политичките односи внатре во државата и помеѓу соседите.

 Знаеме дека имаме радикални структури кои заради некакви лични, политички и секакви други интереси, сакаатда се нарушува тој процес на стабилизација на односите од една страна. Од друга страна заради тоа што никако несмееме да дозволиме да се наруши и безбедноста на нашите граѓани, изјави министерот за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.