ДУИ ги вклучија своите мегафони за плашење на Aлбанците, дека 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ ќе го намали влијанието на Aлбанците. Па да им кажам дека 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ значат крај за криминалот на ДУИ, и злоупотребувањето на Aлбанците кое го прават тие, за да можат да прават криминал, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ, се сигурност за граѓаните, и Македонците и Албанците, дека криминалците без разлика од која партија се ќе одговараат, како и сигурност дека ќе има одговорност за пожарот во  тетовската болница, за Ласкарци, за „Беса транс“. 61 пратеник за да докажеме дека Али не е херој, туку човек со лепливи прсти на грбот на Македонците и Албанците заедно. 61 пратеник за стоп на ѕидовите и делбите и лагите на Артан и Османи. 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ, се гаранција дека Македонија ќе почне да се развива, а не земја каде се крадат пари од државата со фиктивни фактури, затоа што во тоа се вмешани луѓе од ДУИ. 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ се гаранција за Македонија, европска и напредна. За сите нејзини граѓани, истакна Лефков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.