Руската воена инвазија врз Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите на Алијансата во Мадрид, ќе бидат во фокусот на разговорите на дводневниот на министрите за надворешните работи на земјите членки на НАТО што денеска и утре ќе се одржи во Берлин, а на кој ќе учествува и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот се очекува Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други колеги учесници на средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.