И црквата ги покачи цените за црковните услуги.

Според новиот таксеник на Преспанско-пелагониската епархија најскапи се венчавките и погребите. За венчавка црквата наплаќа 7.700 денари, а погреб чини од 3.000 до 5.000 денари, во зависност дали е со еден или со 3 свештеници.

Крштевката е 3.800 денари, а цените на другите црковни треби како парастоси, задушница, водосвет се од 200 до 2.000 денари, објави Телма.

Новиот таксеник во црквите на Преспанско-пелагониската епархија е со важност од февруари годинава, а цените се покачени од 50 до 500 денари во зависност од услугата.

Дел од битолчани велат дека цените се превисоки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.