Премиерот Ковачевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека владата ги презема сите потребни активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“, кој го обелодени Истражувачката репортерска лабораторија.

На пратеничкото прашање, зошто не е преземена поробусна операција, Ковачевски истакна дека сите државни капацитети чија задача е да преземаат мерки за конкретниот случај се ставени во функција.

Формирани се сите стручни комисии кои што ќе треба да го испитаат случајот во детали. Сите инспекторати преземаат мерки во согласност со законските надлежности. Министерот за здравство, во согласност со сите податоци кои што ќе ги добие ќе треба да ја информира владата. Доколку, врз основа на наодите на комисиите, инспекциските надзори и на податоците од другите вклучени институции се дојде до сознанија кои што алудираат на одредени неправилности, тогаш нормално е дека тие ќе бидат процесиурани соодветно на законската регулатива во државата – рече Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.