Ова е македонски народ, европски народ. Да не дозволиме оние кои сакаат да ја изгубиме државата, оние новоокупатори и оние кои од внатре работат за тоа сценарио, да го остварат, изјави новинарката Искра Коровешовска на денешниот протест насловен „Ултиматум НЕ, благодарам“.

Признајте владо и владејачка коалицијо зошто преговарате со Бугарија и признајте ја вината конечно. Признајте дека Бугарија ќе ни ја крои историјата и не негирајте веќе. Овој народ чита, гледа, слуша и не може веќе да го излажете, рече Коровешовска.

Коровешовска потенцираше дека време е да признаете дека други ни ја кројат судбината и време е да не бидете соученици по тоа. Време е да се соочите со семе самите за да не бидете запишани во историјата како предавници бидејќи оваа младина овде ќе ви суди.

Таа потенцираше дека ние не сме не европски народ бидејќи нема ништо европско во тоа да го принудите да народ да го смени своето име и да се откаже од својот идентитет, јазик и Устав. Ние сме европски граѓани затоа што имаме европски вредности затоа што живееме европски мирно и пријателски со етничките заедници внатре.

Не за ултиматум, не за бугарски предлог потпишан со француски потпис. Да за европска Македонија, вистинска Македонија со Македонски јазик чија историја никој нема да може да ја прекројува и да ја брише. Само тој пат е вистински и Европски пат, а поинаков пат друг од овој не ни треба, заклучи Коровешовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.