Главна тема во регионот е преименувањето на улицата Втора Македонска бригада во Адем Демачи. Но, малкумина знаат кој е Адем Демачи и какви заслуги има за Македонија. Апсолутно никаква.

Адем Демачи  e  политичар и писател од Koсово. Тој е еден од првите дисиденти во поранешна Југославија

Во 1963 година ја основал подземната организација Револуционерно движење за Сојузот на Албанци. Првпат бил уапсен поради неговото противење на авторитарната влада на Јосип Броз Тито во 1958 година, одлежувајќи три години затвор. Повторно бил затворен 1964–1974 и 1975–1990 година.Во 2010 година го добива орденот Херој на Косово а почина во 2018 година.

Тој беше портпарол на УЧК а негов помошник Албин Курти кој дојде во Чаир на преименувањето на улицата која го носи неговото име.

Всушност, Курти е политичко „дете“ на Демачи.

Демачи никогаш не се откажал од борбата да го види Косово независно и тоа го дочека. Тој не прифаќал ништо помалку од независност и дури одбил да учествува на преговорите во Рамбуе 1999 година затоа што таму се предвидувало Косово да добие само автономија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.