Директорот на протоколот поднесе оставка која ја прифатив, иако немаше никаква директна одговорност, рече министерот Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „24 анализа“ во врска со згрешените знамиња кога во министерството доаѓаат странски гости, откри дека по последниот скандал, кога словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон беше пречекана со словачко знаме, шефот на протокол во МНР поднел оставка, а Османи му ја прифатил.

„Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка која ја прифатив, иако немаше никаква директна одговорност. Тоа се други луѓе, поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година“, рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.