Во Централниот регистар на Бугарија пишува дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, е „во ликвидација“, објави „360 степени“.

Дури сега, три години откако бугарското обвинителство покренало процес против организацијата регистрирана во 2019 година, случајот добива правна разврска која може да значи затворање и на клубот „Никола Вапцаров“, кој свечено беше отворен вчера.

Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато“, вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарскиот Устав и законите.

Претходно, градоначалникот на Благоевград изјави дека клубот е нелегитимен и дека тој претставува „обична канцеларија“.

Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидвидува културен центар. Повеќе би рекол дека тоа е канцеларија во која луѓето се собираат на приватна основа, изјави денеска за бугарските медиуми градоначалникот Илко Стојанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.