Коалицијата Вреди е апсолутен победник во албанскиот кампус, кажа претседателот на партијата Демократско движење и носител во првата изборна единица, Изет Меџити на прес конференција.

Ви благодариме за трпението и отпорот од сите закани. Како што Вреди постојано предупредуваше, денеска изборниот процес беше се, само не демократски. Институциите повторно се ставија во служба на ДУИ. Забележани беа министри, заменици-министри, се е документирано и во текот на деновите ќе алармираме. Сакам уште еднаш да објаснам, ќе се одговара за насилството врз гласачкото право. Од денеска ќе заврши во политичка изолација од сите страни.“, кажа Меџити.

Според него, ДУИ го покажала своето вистинско лице со бојкот на претседателските избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.